Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Лаунџот на аеродромот во Атина е прогласен за втор најдобар во светот

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarynalilst2ucisbRyxbly
фото: unsplash

Лаунџот на Меѓународниот аеродром во Атина е рангиран како втор најдобар во светот, според ново истражување на компанијата „Capital on Tap“.

Во анализата биле опфатени 74 аеродромски лаунџи ширум светот, при што биле оценувани бројот на достапни услуги, работното време во текот на неделата, како и можноста патниците да престојуваат во удобна атмосфера без строг кодекс на облекување.

Во оценувањето биле вклучени и оценките од корисниците на „Priority Pass“, кои имале поголема тежина поради важноста на задоволството на патниците.

Лаунџот „Goldair Handling Lounge Extra“ на Атинскиот меѓународен аеродром освоил 8,19 поени од можни 10, со што го дели второто место со „Chase Sapphire Lounge by The Club“ на Меѓународниот аеродром „Хари Рид“ во Лас Вегас.

На првото место се најде „Vienna Lounge“ на Меѓународниот аеродром во Виена, Австрија, со оценка од 8,73 поени.

Четврто место му припадна на „IGA Lounge International“ на аеродромот во Истанбул, кој освои 7,94 поени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања