Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз
Париз повторно е една од дестинациите на Лила Филиповска, која деновиве ужива во француската престолнина и со своите следбеници споделува фотографии од прошетките низ градот.
Иако не ѝ е прва посета на Париз, водителката не ја крие радоста што повторно има можност да ги доживее неговите убавини. Дел од моментите ги сподели на социјалните мрежи, а особено внимание привлече нејзиното издание на Елисејските полиња.
Филиповска избра црн блејзер со впечатлив крој, модерни хеланки и брош на „Шанел“ како моден детаљ. Со оваа комбинација уште еднаш го покажа својот препознатлив стил и љубовта кон модата.