Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Ги слушале тинејџери, а со „Ѓурѓо“ стигнале до повозрасна публика – Стефан за пресвртот на „Некст тајм“

media-library12f9odd1fthe74ZN88w

„Тогаш бевме абнормално популарни кај децава“, рече Стефан од „Некст тајм“ во „Равенка за успех“. Кога ја спореди првата фаза на дуото со онаа што ја отвори „Ѓурѓо“, рече дека тогаш имале голема тинејџерска публика, а кај другите слушатели допрва требало да изградат доверба.

Стефан вели дека во првите години дел од песните им биле блиски на слушатели од одредена возраст. Со „Ѓурѓо“ влегле во друг музички правец, а за него предизвикот бил и во народната песна да се препознаат неговиот глас и начинот на кој дотогаш пеел. „Јас сакам да остане мојот“, рече тој, зборувајќи за интерпретацијата.

Изборот на „Ѓурѓо“ имал и семејна причина. Браќата раскажаа дека нивната покојна баба по татко, од демирхисарското село Жван, се викала Ѓурѓја. Во разговорот се присетија и на патувањата до селото со татко им, кој им пеел додека ги возел со „фиќо“. Претпоставија дека токму името на баба им можеби е причината што песната толку добро им останала во сеќавање.

Стефан смета дека со таа фаза на „Некст тајм“ успеале да се докажат и пред повозрасни слушатели. Искуството, вели, им помогнало да проценат што функционира во нивните аранжмани и каде грешат. Во емисијата ги спомнаа и „Години“ и „Славам“ како песни со кои повторно одат во поинаков правец.

Тие имаат концерт на 27 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 2 минути
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 1 час
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

пред 3 часа
media-librarysqd135bppa1p6g4bKBd

Димитар Митровски со голем музички проект – „The Dance of Melodies“: десет композиции, врвни музичари и спектакуларна промоција на 30 ноември!

пред 7 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања