Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

По долгогодишните несогласувања со најблиските, поп-ѕвездата Бритни Спирс јавно му се извини на своето семејство за обвинувањата и отворањето на старите рани.

„Многу ми е жал што повторно отворав стари теми, но мислам дека го правев тоа затоа што сфатив дека морам да го заштитам своето срце“, напиша 44-годишната пејачка на Инстаграм.

Спирс призна дека понекогаш била тврдоглава и дека ѝ недостига семејството.

„Мојата тврдоглавост е детинеста и срамна. Жал ми е што ги враќав тие спомени, но никогаш не сум разговарала со нив лице в лице за тоа. Едноставно, многу ми недостигаат“, порача таа.

Нејзината објава доаѓа по долгогодишните несогласувања со родителите и сестрата Џејми Лин. Пејачката претходно јавно ги критикуваше членовите на семејството, особено поради 13-годишното судско старателство под кое живееше до 2021 година.

Старателството беше воведено во 2008 година, а нејзиниот татко Џејми доби контрола врз важни аспекти од нејзиниот приватен живот и финансии. По долгогодишна правна битка, старателството беше укинато во ноември 2021 година.

Во 2023 година Спирс ја објави автобиографијата „Жената во мене“, во која пишуваше за славата, семејните односи и годините поминати под старателство.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-librarysqd135bppa1p6g4bKBd

Димитар Митровски со голем музички проект – „The Dance of Melodies“: десет композиции, врвни музичари и спектакуларна промоција на 30 ноември!

пред 4 часа
media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Покрената петиција за откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ во Сплит по концертите во Ниш и Нови Сад

пред 22 часа
darko-dimitrov ВИДЕО

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

пред 23 часа
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 23 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања