Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Мајка од Кавадарци ќе му донира бубрег на својот син

Големиот хуманитарец од Неготино, студентот Димитар Аврамов (22), продолжува со своите добротворни мисии и го најави шестиот по ред хуманитарен маратон „Неготино се буди”, пишува Фокус.

Момчето кое што за време на своите средношколски денови дојде до идеја да им помага на своите сограѓани на кои им е потребна парична помош за лекување или пак се социјално загрозени семејства, организирајќи хуманитарен маратон, од 29-ти февруари до први март ќе го реализира шестото издание на проектот. Целта на настанот е да се соберат средства за Дарко Митков од Кавадарци, момче кое што во најбрз можен рок треба да замине на клиника во Истанбул, Турција, додава Фокус.

Неговата мајка ќе му донира бубрег, а за операцијата му се потребни 30.000 евра. Поради тоа, Аврамов најави одржување на хуманитарни турнири во одбојка во СОУ „Свети Кирил и Методиј” во Неготино, а сите собрани средства ќе му бидат донирани на Митков. Хуманитарниот маратон на Димитар за прв пат се одржа во Неготино пред шест години, а средствата од настаните им беа донирани како помош на поплавените лица.

Освен што ќе се собираат средства на предвидените настани во градот, тој апелира сите граѓани и општествено одговорни компании кои што се можност да донираат на следната жиро сметка 210-700000649842 НЛБ Банка, со назнака донација за Дарко Митков.

Повеќе на линковите погоре.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: