#КОРОНАВИРУС

Мајка на македонска новинарка под прозорец чека ќерка ѝ да оздрави

Објавено на

Мајка ми и татко ми доаѓаат наизменично секој ден до мојот дом и преку прозорецот сакаат да ме видат и така лично да се уверат дека сум добро, без разлика што постојано се слушаме преку телефон или, пак, ме гледаат преку видео повик на вибер.
Музичката критичарка, новинарка, публицист Бранка Костиќ Марковиќ, која пред повеќе од една недела објави дека е позитивна на корона вирусот и дека е во домашна изолација, објави трогателна и многу моќна фотографија на својот профил на Фејсбук. На фотографијата е мајка и која седи под дрво и пред зграда во која живее ќерката и преку прозорец разговара со неа. И покрај маската очите на жената зборуваат за загриженоста за здравјето на Бранка и нејзиното семејство.

Branka Kostic Markovic

Мајка <3

Мајка ми поседе 15-тина минути пред прозорецот на мојот дом. Се увери дека сум добро- ни рече Костиќ Марковиќ. Бранка објавувајќи ја фотографијата напиша само еден збор – МАЈКА и до неа стави стикер со срце.

Бранка секојдневно на Фејсбук ги известува своите пријатели и следбеници за нејзината здравствена состојба и како го издржува фактот што е позтивна на вирусот и тоа што е во домашна изолација.

Извор: Досие.мк (www.dosie.mk)

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version