Компанијата Мајкрософт објави дека основната причина за глобалниот прекин на ИТ мрежите е отстранета, но дека проблемите сè уште влијаат на некои апликации и услуги на Office 365, пренесува Ројтерс.
Се огласи компанијата за сајбер безбедност Crowdstrike, во врска со наводите дека таа е виновна за глобалните проблеми во ИТ секторот забележани денеска низ целиот свет.
Тие рекоа дека активно работат со клиенти погодени од дефектот што беше откриен во ажурирањето за домаќинот на Windows.
Се додава дека проблемот е лоциран, изолиран и дека се санира, а корисниците се упатуваат на порталот за поддршка на оваа компанија за дополнителни информации.
Австралиската влада, швајцарската канцеларија за сајбер безбедност и многу други компании погодени од проблемите во ИТ секторот денес веруваат дека причината за неуспехот е софтверот „Falcon Sensor“.
Грешка создадена од Crowdstrike предизвикува Windows да падне и да прикаже „син екран“, неформално познат како „синиот екран на смртта“, објави Ројтерс.