Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Мајкрософт прогласи „црвен аларм“ по историскиот глобален пад на системите

media-libraryof2llnf8l3tgdSdEh2e
unplash

По големиот глобален прекин на своите услуги, американскиот технолошки гигант Мајкрософт прогласи „црвен аларм“ и започна итна акција за подобрување на стабилноста на системите и побрзо справување со идни дефекти, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на внатрешни меморандуми на компанијата.

Прекинот на 12 и 13 ноември траел околу 24 часа и погодил повеќе услуги, меѓу кои Exchange Online, Outlook, Teams, Copilot и други производи од пакетот Microsoft 365. Поради тоа, биле нарушени работата на државни институции во Австралија, Јапонија и САД, активностите на трговски компании, како и комуникацијата во авионскиот сообраќај.

Од Мајкрософт соопштиле дека причината била претходно неоткриен недостаток во можностите за проширување на оперативниот систем Windows, воведен во јули. Компанијата нагласила дека дефектот не бил поврзан со кибернапад или со вештачка интелигенција. Извршниот директор Сатја Надела јавно им се извинил на корисниците.

Раководителот на секторот M365 Core, Џејсон Хендерсон, во интерен меморандум оценил дека станува збор за инцидент со најголеми последици врз корисниците во историјата на Exchange Online. Тој посочил дека досега никогаш толку многу корисници не останале без пристап до електронската пошта во толку долг период.

Потпретседателката на компанијата, Аманда Силвер, открила дека инженерските тимови размениле повеќе од 11.000 пораки во 11 разговори преку Teams додека се обидувале да го отстранат дефектот. Работата била отежната поради тоа што податоците за состојбата на системите биле распоредени во различни внатрешни платформи.

Акцијата „Code Red“ опфаќа пет главни области, меѓу кои подобро управување со оптоварувањето, географска распределба на интернет-сообраќајот и забрзување на обновувањето на услугите.

Мајкрософт си поставил цел при идни големи дефекти да го врати работењето на услугите на глобално ниво за помалку од еден час. Компанијата планира и употреба на агенти со вештачка интелигенција за побрза анализа на податоците и откривање на проблемите.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Технологија

Сите →
media-libraryraakkvmp97euezOe7mz

Американски суд го прогласи „Хуавеј“ за виновен за измама на банки и кражба на деловни тајни

пред 7 часа
media-libraryk0qj8avj7hug4auPaI0

Сите ја прават истата грешка со лозинките: Проверете колку е безбедна вашата

пред 1 ден
media-librarylahd4i7kkti25PoKYFV ВИДЕО

(Видео) Пред 34 години беше претставен првиот паметен телефон во светот – 13 години пред „Ајфон“

пред 2 дена
media-library7bijtf8e2q5p22ZU2Te

За помалку од 12 часа ги пробиле заштитите на ChatGPT, Gemini и Claude и добиле планови за терористички напади

пред 2 дена
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања