Медиасет.мк

Медиасет

Македонија најевтина во Европа за сместување, Грција меѓу 12-те најскапи во Европа

Грција се наоѓа на 12-то место меѓу најскапите европски туристички дестинации за краткорочно изнајмување сместување, покажуваат податоците на компанијата за туристичка аналитика AirDNA.Според анализата, просечната цена за ноќевање во Грција изнесува 141 евро, додека најскапата европска дестинација е Монако со просечни 417 евра по ноќ.Во првите пет најскапи дестинации се и Исланд со 211 евра, Андора со 189 евра, Швајцарија со 184 евра и Обединетото Кралство со 176 евра за ноќевање.Анализата покажува дека Грција има една од најизразените сезонски разлики во цените на сместувањето во Европа. Во текот на летните месеци, просечната цена се зголемува за 55 проценти и достигнува 174 евра по ноќ, додека во останатиот дел од годината изнесува 112 евра.Најголема разлика е забележана на островот Миконос, каде летното ноќевање во просек чини 758 евра, што е за 65,6 проценти повеќе од цената од 458 евра во останатиот дел од годината.На европско ниво, најголем сезонски раст на цените е регистриран во Портимао во регионот Алгарве во Португалија, каде цените во лето се повисоки за 71,6 проценти. Во Марбела, пак, цената се зголемува од 200 на 315 евра по ноќ.Според истражувањето, најприфатлива дестинација за краткорочно сместување во Европа е Македонија, каде просечната цена за ноќевање изнесува само 39 евра.

На почеток
error: