Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Македонски професор креира униформа која детектира нервни гасови со промена на бојата

Медиасет.мк
пред 5 години
jordanov

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска оствари средба со професорот Игор Јорданов од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје во врска со проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“. Професорот  Јорданов работи на проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на НАТО кој со промена на бојата ќе детектира опасност од нервен гас, но и други опасности.

„Овој проект има за цел да произведе повеќефункционална војничка униформа која ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и УВ-зрачење, а преку промена на боја ќе детектира нервни гасови. Овие својства ќе се постигнат со новата слој-по-слој техниката за нанесување нанопремази на површината на ткаенината, со користење на хемикалии кои се отпад од индустријата, користејќи го концептот на циркуларната економија. Овие нанопремази овозможуваат да се постигнат бараните својства, а униформата да биде лесна и да ги задржи своите комфорни својства“, изјави Јорданов.

Проектот ќе го реализираат стручни тимови од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, заедно со Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и од А & М Универзитетот во Тексас.

Проектот практично ќе значи револуција во квалитетот на војничката униформа, а се состои во креирање текстилен материјал за војничка униформа, која нема само да штити од температури и други надворешни влијанија, туку ќе биде и детектор за предупредување од опасности, како што е присуство на нервен гас.

Минситерката  Шекеринска изрази задоволство што во Алијансата можеме да придонесеме и како иноватори.

– Во успехот на професорот Јорданов и целиот негов тим да кажам дека ова го сметаме и како повик до сите истражувачи, до сите научници да ја пробаат шансата која што ја дава НАТО програмата Наука за мир, програма која што и претходно беше отворена за нас, но сега како земја членка можеме да бидеме дури и предводник на ваквите тимови, изјави Шекеринска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 4 часа

haker-724x406

Кибернападите ќе бидат еден од најголемите ризици од вештачката интелигенција во 2027 година, предупредува Бил Гејтс

Технологија | пред 7 часа

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 23 часа

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања