„Nvidia“ го запира извозот на чипови H200 во Кина, неизвесна судбината на 600.000 процесори
Околу 600.000 чипови на „Nvidia“, наменети за кинески клиенти, се наоѓаат во складиште во Хонгконг, откако компанијата го запре нивниот извоз во Кина. Засега е неизвесно дали и кога овие процесори ќе можат да бидат испорачани.
Во декември 2025 година, „Nvidia“ доби одобрение од Белата куќа за продажба на чиповите со вештачка интелигенција H200 на одредени клиенти во Кина, со дополнителен данок од 25 отсто. Сепак, извозот сега е запрен.
За време на неодамнешниот разговор со инвеститорите, Колет Крес потврди дека компанијата го запира извозот на чиповите H200 во Кина.
Иако не беше дадено официјално објаснување за одлуката, се изнесуваат тврдења дека таа е поврзана со наводни романтични контакти на основачот и извршен директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, со Алис Хуанг, личност поврзана со кинеската компанија „Megaspeed“, за која се наведуваат и сомневања за шпионажа во корист на кинеската држава.
Според „Ројтерс“, околу 600.000 чипови наменети за кинески клиенти моментално се „замрзнати“ во складиште во Хонгконг. Останува неизвесно дали и кога ќе биде дозволен нивниот извоз.