Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Мал трик со машината за перење што носи голема заштеда

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-library5qpcjetkl1188pYVwHG
фото: unsplash

Во време кога сметките за струја и вода постојано растат, многумина бараат едноставни начини за заштеда во домаќинството. Експертите велат дека една мала промена при користењето на машината за перење може значително да ја намали потрошувачката на електрична енергија.

Иако голем број луѓе автоматски избираат програми за перење на 40 или 60 степени, верувајќи дека така облеката ќе биде почиста, современите машини и детергенти овозможуваат ефикасно перење и на пониски температури.

Според експертите, префрлањето на програмите од 30 степени може значително да ја намали потрошувачката на струја. Причината е едноставна – најголем дел од енергијата машината троши за загревање на водата.

Истражувањата покажуваат дека перењето на 30 степени троши значително помалку енергија во споредба со циклусите на 40, 60 или 90 степени.

Освен што носат заштеда, пониските температури се и понежни кон ткаенините. Високите температури можат да предизвикаат избледување на боите, оштетување на влакната, намалување на еластичноста на материјалите и собирање на облеката.

Затоа се препорачува секојдневната гардероба, како маици, фармерки, спортска облека и пижами, да се пере на 30 степени, особено ако не е силно извалкана.

Сепак, за одредени предмети и понатаму се препорачуваат повисоки температури. Пешкирите, постелнината, кујнските крпи и детската облека повремено треба да се перат на 60 степени за подобра хигиена и отстранување на бактериите.

Програмите на 90 степени најчесто се користат само за длабинско чистење на многу валкани ткаенини или кујнски крпи.

Експертите нагласуваат дека токму ваквите мали промени во секојдневните навики можат да донесат забележителни заштеди на годишно ниво, а истовремено да придонесат и за помало влијание врз животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 4 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 4 дена

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања