Марјан Мирчески, по неговата изјава за (екс)сопруга, испрати допис во која се корегира во неговите ставови. Тој пишува дека претходно, изјавата ја дал во нервоза, последица на ситуацијата во која се наоѓа тој, децата и Елена.
Дописот ви го пренесуваме во целост:
“Во вчерашната моја изјава дадена за Вашите медиуми имам направено ненамерна гршка, во која кажав дека мојата сопруга заради здравствен проблем потенцијално може да биде опасна за себе или за околината.
Ве молам преку Вашите медиуми да ја информирате јавноста дека оваа изјава ја дадов во момент на зголемена нервоза и со доза на непромисленост, што е последица на целата оваа ситуација во која јас , мојата сопруга и нашите три деца се наоѓаме без никој да посакува да ни се случува ова.
Го разбирам интересот на јавноста кога е во прашање животот на мојата сопруга, било да е нејзиниот професионален живот, или да е приватниот живот и со медиумите сум бил секогаш отворен и транспарентен. Исто таква до сега беше и мојата сопруга која секогаш излегуваше во пресрет на медиумите иако во овие свои настапи изнесуваше и невистини, но и интимни детали, за нашиот живот, некои вистинити, некои и не, што го сметам за неприкладно.
Но, нашите животи и животот на нашите деца деновиве е тргнат во правец на кој може да се гледа како на едно големо искушение за кое барем во делот на комуникацијата со медиумите сме целосно неподготвени.
Од тие причини ја повлекувам мојата вчерашна изјава дадена за Вашите медиуми и Ве молам да имате разбирање за мене и семејството и да не барате повеќе од нас ставови и изјави за лични прашања од приватен живот”, стои во дописот од Мирчески.