Медиасет.мк

#ТРЕНД

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус во јули, кога со принцот Хари се преселиле во САД. Таа својата приказна ја раскажа за „Њујорк тајмс“ и го опишува моментот кога сфатила дека го изгубила бебето.

„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто. Почувствував силен грч во стомакот додека му менував пелената на Арчи. Седнав на подот држејќи го него во рацете и му пееев приспивна песна за двајцата да се смириме. Веселата мелодија беше целосен контраст од моето чувство дека нешто не е во ред“, стои во текстот што го напипала Меган за познатиот аметикански весник.

Во денешниот „Њујорк Тајмс“ таа откри ѝ се слошило додека била во нивниот нов дом во Лос Анџелес.

„Најтешко ми беше да го гледам Хари како тагува, додека и самата бев распарчена. Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи го сопругот за рака. Ја чувствував топлината на неговата дланка, а тој ми ја бакнуваше раката која беше мокра од нашите солзи. Гледајќи во студените бели ѕидови, очите му засветкаа. Се обидов да замислам како ќе се излекуваме“, завршува писмото на Меган.

Двојката има едно дете, синот Арчи, што се роди во мај 2019 година.

На почеток
error: