Медиасет.мк

#ТРЕНД

Меконахи тврди дека сè уште има хемија помеѓу Пит и Анистон

Метју Меконахи ги сподели своите размислувања за „сексуалната тензија“ помеѓу Бред Пит и Џенифер Анистон за време на читањето во живо на комедијата „Луди времиња на Рич Хај“ минатиот месец.

Метју Меконахи беше гостин во Watch what happens live (Види што се случува во живо) кога откри дека сè уште има хемија меѓу поранешниот брачен пар. Тој беше запрашан од еден фан дали можел да ја почувствува сексуалната тензија меѓу нив.

„Да, да, беше толку опипливо,“ рече Моконахи.

Меконахи го толкуваше ликот на Мајк Дејмон на читањето , додека Пит ја презеде улогата на Бред Хамилтон, а Анистон беше Линда Барет.

Овој проект привлече повеќе од 4 милиони гледачи на Интернет и собра повеќе од 135.000 долари за добротворни организации кои помагаат во борбата против Ковид-19.

На почеток
error: