Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Microsoft го претстави најмалиот Xbox контролер досега – го собира во џеб и чини 50 долари

Медиасет.мк
пред 5 часа
media-libraryjr6nms0uin0ocUWbXOg

Мал по димензии, лесен за носење и со сите стандардни копчиња – Microsoft го претстави Xbox Nano Controller, најмалиот контролер што компанијата досега го направила. Новиот уред е наменет за деца, гејмери со помали дланки и за сите што сакаат да играат видеоигри и кога се надвор од својот дом.

Контролерот е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама, што го прави полесен од многу мобилни телефони и доволно мал за да се носи во џеб. И покрај компактните димензии, Microsoft не се откажал од ниту една стандардна контрола. Уредот ги има сите 18 вообичаени влезови, со распоред на копчињата што одговара на оној на стандардниот Xbox контролер.

Xbox Nano има батерија што се полни, но компанијата засега не открива колку време ќе трае едно полнење. Вклучено е и програмабилно акциско копче, кое корисниците можат да го приспособат за правење снимки од екранот, снимање на играњето или активирање често користени кратенки.

Поврзувањето е овозможено преку Xbox Wireless и Bluetooth, па контролерот може да се користи со сите компатибилни уреди. Од Xbox го претставуваат и како практично решение за целото семејство.

Преднарачките за Xbox Nano Controller веќе се достапни по цена од 50 долари. Испораката треба да започне во ноември во 36 земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија. Подоцна се очекува производот да биде достапен и на дополнителни пазари, а цените ќе се разликуваат зависно од земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Тајни „цивилизации“ на вештачката интелигенција: Се здружувале, мамеле и се жртвувале за другите

Технологија | пред 2 часа

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Тајни мрежи, 1.200 агенти и хакерски напади: Како вештачката интелигенција ја изненади и сопствената компанија

Технологија | пред 10 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Дали вештачката интелигенција треба да има права? Технолошките гиганти отвораат дебата што може да го промени светот

Технологија | пред 1 ден

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Измама на Google Play: лажен Chrome успеал да привлече над 100.000 корисници

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања