Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Министерот Филипче го потпиша договорот за набавка на кинеската вакцина

Медиасет.мк
пред 5 години
filipce

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид 19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со Договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200 000 вакцини кои ќе пристигнат во месец февруари. Точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови. Министерството за здравство почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на „Синофарм“, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи.

Вакцините од Кина во нашата земја ќе пристигнат на аеродромот во Скопје. Направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата.

Изминатата недела се вршеа премери на волуменот на ладните соби за чување, а се вршеше и проценка на капацитетите за складирање на целата количина.

Вакцината на Синофарм се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината.

Овој тип на вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Според Наицоналниот план за вакицнација против Ковид 19, први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години.

Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

Воведување на Ковид 19 вакцинација ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството воопшто, јакнење на колективниот имунитет во услови на пандемија. Имунизацијата е силно оружје во борба со корона вирусот, но и покрај тоа здравствените мерки за лична заштита задолжително треба и понатаму да се почитуваат.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 дена

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 5 дена

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Што се случува со телото ако јадеме јогурт секој ден?

Трендови | пред 5 дена

media-librarygmmni58ahu569B2b2rM

Доли Партон ги надмина политичките поделби и по смртта – Нешвил подготвува голема почест

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања