Конгресменот Ро Кана, член на одборот на американскиот Конгрес кој ја истражува аферата поврзана со Џефри Епстин, упати од Вашингтон порака што предизвика внимание во Велика Британија.Тој во изјава за Sky News порача дека „можеби ова ќе биде крај на монархијата“.Американскиот политичар смета дека постојат прашања на кои британскиот крал Чарлс III треба да одговори во врска со скандалот во кој е вмешан неговиот помлад брат Ендру.„Мислам дека британската монархија сега е поранлива од кога било досега. Треба да постават прашања до кралот и кралицата и можеби ова ќе биде крај на монархијата“, оцени демократскиот конгресмен кој е иницијатор на Законот за транспарентност на досиејата за Епстин, законот што доведе до нивно објавување.Кана додаде дека „ако (кралот и кралицата) немаат одговори, ако се вмешани во класата на Епстин, тоа не е добро за британската монархија“.„Кралот мора да одговори на она што го знаел, што знаел за Ендру, само одземањето на титулата на Ендру не е доволно. Ендру мора да излезе пред нашиот одбор и да почне да одговара на прашања. Не мислам дека соодветна казна е тоа што повеќе не може да биде принц. Мора да има повеќе од тоа. Мора да одговорат и кралот и кралицата, не го разбирам тој британски обичај кога некој ќе ѝ постави прашање на кралицата, таа да се навреди што ѝ се поставува прашање? Мислам, ве молам. Таа носи иста облека, јаде иста храна, таа е само човечко суштество, мора да одговори на истите прашања како и сите“, рече Кана.Британската телевизија потсетува дека Ендру Маунтбатен-Виндзор ги негирал обвинувањата за незаконско постапување и наведува дека немало назнаки дека поширокото кралско семејство било вмешано во аферата околу Епстин.Сепак, објавените документи покажале дека Епстин бил покануван во Бакингемската палата и дека го посетил кралскиот имот Балморал.Конгресменката Џасмин Крокет, која како и Кана е демократски член на одборот што ја истражува аферата Епстин, била прашана дали смета дека постојат прашања што треба да ѝ се упатат на пошироката кралска фамилија.„Наша должност е да ги разгледаме доказите и да се обидеме да утврдиме кој е вмешан во оваа многу сложена мрежа. Мислам дека треба да разговараме со секого, дури и ако тоа значи да одиме толку високо“, порача Крокет.Бакингемската палата објави соопштение во кое портпаролот наведе дека кралот Чарлс III јасно изразил „длабока загриженост“ поради обвинувањата што се однесуваат на Ендру.„Ако ни се обрати полицијата, подготвени сме да им дадеме поддршка, како што и би очекувале“, наведе портпаролот на кралското семејство.
