Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Можно е да се затвори за Велигден, објаснето кога ќе се одлучи

Медиасет.мк
пред 5 години
w_56674011

Ако не се донесеше ограничувањето на работата на угостителите, но и ако не се продолжи полицискиот час, ќе требаше да се затвориме за Бајрам и Велигден. Ова го кажа заменик-министерот за здравство, Илир Хасани.  Тој повика да се почитуваат и да се празнува безбедно.

„Се наоѓаме во тешка општа состојба. Ние размисливме проактивно. Или ќе ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам и Велигден. Ако не носиме одлуки, со сигурност ќе се затвориме за празниците. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека ќе ги поминеме празниците без ограничување. Сепак, граѓаните ќе мораат да внимаваат, бидејќи традиција е да одиме по домовите на старите луѓе, а за нив вирусот е најфатален. Овие мерки иако се непопуларни, се со цел да се намали притисокот врз болниците. Британскот сој излезе дека е поопасен. Ние носиме ригорозни мерки за претстојните празници да ги поминат празнично и да бидат посветени на семејството и најблиските, а не на тоа дали некој член на семејството во тешка состојба во болниците. Се надеваме дека овие ефекти ќе бидат позитивни, од овие мерки. Да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас“, рече Хасани.

Инаку, од утре затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 4 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 4 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања