Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

На 115 години почина најстарата жителка на Јапонија

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryt9mqjo89bmfs3aUR7tW
unsplash

Шигеко Кагава, која важеше за најстарата жителка на Јапонија, почина минатата недела на 115-годишна возраст, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и социјална заштита.

Кагава, која живеела во префектурата Нара во западниот дел на Јапонија, починала во четвртокот. По нејзината смрт, најстара жителка на земјата е 114-годишната Фујо Кишимото од соседната префектура Кјото, објави агенцијата Кјодо.

Кагава е родена во 1911 година. Завршила медицинско образование во 1934 година, по што околу три години работела во болница во Осака, на одделите за гинекологија и акушерство и интерна медицина.

Во 1937 година отворила сопствена клиника во Нара. Како гинеколог-акушер и интернист продолжила да работи до своите осумдесетти години, придонесувајќи за здравствената заштита во локалната заедница.

Во 2021 година Кагава влезе во историјата и како најстарата личност што го носела олимпискиот факел за Игрите во Токио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo7k40s2ega7ibajykRN

Шест навики што ги развиваат децата кои растат со лути и агресивни родители

Вирално | пред 13 часа

media-libraryd7uar42eqsrv1Skd0Xg

Хороскоп за ноември 2026: Девиците ќе мора да се приспособат на неочекувани промени

Вирално | пред 14 часа

media-libraryt1tgjjappqj97uwOYPo

(Видео) Новинар предупредуваше на опасни бранови, а потоа еден го собори пред камерата

Вирално | пред 19 часа

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Што е поисплатливо и подобро за вашиот дом – подно греење или радијатори?

Вирално | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања