Актерката Софија Вергара сака да ги задева своите 21,4 милиони фанови и следачи на Инстаграм со фотографии од периодот кога работеше како модел, години пред да стане голема телевизиска sвезда благодарение на хит-серијата „Модерно семејство“.
Колумбиската убавица се наврати на помладите години, и овојпат сподели секси фотографија во танга бикини како дел од нејзиниот Throwback Thursday.
„#tbt Мајами 90-тите”, напиша 48-годишната актерка во описот на објавата, потсетувајќи се на периодот кога живеела во Мајами, каде што се доселило нејзиното семејство кон крајот на 90-тите.
Експлозија од минатото: Софија Вегара во „троубек трсдеј“од 1990-тите
На крилјата на високите телевизиски рејтинзи и признанија, Вергара беше најплатената ТВ-актерка од 2013-2019 година, што вклучува неверојатни 42,5 милиони долари од јуни 2017 и јуни 2018 година.
Од неодамна, таа е судија односно една од четиричленото жири на ТВ-шоуто „Америка има талент“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

