ЖРК Вардар објави дека со особено задоволство ја примиле веста дека нашата Инди е дел од “Куќата на славните” и додадоа: „Честитки од целиот црвено-црн тим до единствената Кастратовиќ 🔴⚫️🤾♀️
„Воведувањето во Куќата на славните ќе се одржи на галата на EHF Excellence Awards 2024 на 14 декември, во пресрет на финалето на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени и пред повеќе од 500 гости поканети да присуствуваат на настанот. Меѓу лауреатите е и Индира Кастратовиќ кој зад себе големи играчки резултати по кои ја препознава целиот свет како дел од репрезентацијата на Македонија и на Кометал ЃП, со една титула европски првак, две финалиња, најдобра стрелец на СП“, објави ЖРК Вардар.