Покрената е одлична акција за производство на визири, кои ќе ги заштитат нашите медицински лица во борбата со коронавирусот. Стотици пратки, со по стотици визири се веќе стигнати кај нив.
Иницијативата е почната тивко од 30 момци, тивки херои како што ги нарекува доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил.
Тие деноноќно работат со свои 3Д принтери и материјали и апелираат до сите кои можат да помогнат да се приклучат во оваа акција. Потребно е да се произведат барем 2.000/3.000 визири.
Првата пратка со повеќе од 300 визири веќе е пристигната во македонските болници.
Сите треба да сме им благодарни на овие момци. Едно огромно браво за потегот!
Информации за оваа акција од Фејсбук профил на доктор Ненад Лазаров: