Медиасет.мк

Медиасет

Не стивнува бурата за контроверзниот допинг на најдобриот светски тенисер Јаник Синер

Победникот на пет турнири оваа година и број 1 на АТП листата минатата пролет двапати беше позитивен на допинг-тест.

Синер првпат беше тестиран за време на Мастерсот во Индијан Велс во март и беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, а вторпат беше тестиран осум дена подоцна, надвор од конкуренција, кога исто така беше позитивен.

Независната комисија утврдила дека Синер не е виновен, бидејќи трагите од забранетата супстанца ненамерно му биле пренесени од физиотерапевтот.

Се вели дека производот содржи помалку од милијардити дел од забранетата супстанција клостебол, објави Скај.
Во соопштението на Одделението за интегритет во тенис, се наведува дека физиотерапевтот ја третирал раната на кожата со спреј и дека тоа го направил во периодот од 5 до 13 март и дека за тоа време „на Синер му пружал секојдневни масажи и спортска терапија, која резултираше со непозната трансдермална контаминација“.

Сега се појави фотографија која потврдува дека споменатиот проблем го имал и физиотерапевтот на Синер Џакомо Налди.

Станува збор за кадар од мечот меѓу Синер и Јан-Ленард Штруф во Индијан Велс во март, а на него се гледа дека на Налди му е преврзан повредениот прст.

Дали сето ова е серија немили настани или бесрамен случај на допинг прикривање од страна на лицето на АТП оваа година, времето ќе покаже.

Многу тенисери го изразија својот гнев поради начинот на кој се работеше, посочувајќи дека има двојни стандарди.

На почеток
error: