Кети Пери призна дека се бори со бранови на депресија додека се справува со ограничувањата на слободата на движење во услови на глобална здравствена криза.
„Понекогаш не знам што е полошо, да го избегнам вирусот или брановите на депресија, кои доаѓаат со новиот режим на живеење“, напиша на „Твитер“ 35-годишната поп-ѕвезда во вторникот.
Исповедта на Кети беше дочекана со голема поддршка од нејзините загрижени фанови, кои ја повикаа да остане силна во овие неизвесни времиња.
„Многу те сакаме. Ние сите сме заедно во ова“, напиша некој од фановите.
„Те молам, биди позитивна!“, напиша друг.
„Твојата музика е единствената работа што ми помага да го пребродам ова“.
Еден фан ја потсети Кети дека очекува ќерка со свршеникот Орландо Блум. „Само сети се дека малата светлина на твојот живот ќе биде во твоите раце набргу“.
Кети е искрена со фановите за своите внатрешни борби за ментално здравје. Размислувајќи за еден особено тежок период помеѓу 2017 и 2018 година, Кети призна дека се борела да стане од креветот.