Пејачката Неда Украден прозборе за својот љубовен живот и откри дека добила две брачни понуди.
„Имам една долгогодишна брачна понуда и една актуелна. Јас засега си ја сакам слободата, но можеби ќе се одлучам и за брак. Уште сум млада и животот е пред мене“, изјавила пејачката за медиумите.
Таа прозборе за нејзините љубовни врски од претходно. Вели дека тие биле долги, драматични и необични. Неда верува во вистинска љубов, а неодамна призна дека е заљубена. Таа вели дека никогаш не е доцна за нов почеток.
„Не бев отсекогаш способна да ја препознаам вистинската љубов. Сакав некои луѓе кои не беа вредни за мојата љубов. Верувам дека никогаш не сум сакала како што треба да се сака, барем не во мерка во која тоа треба да се прави“, изјавила Неда.
Пејачката вели дека за секоја вистинска љубов потребни се взаемно почитување, поддршка и дивеење меѓу партнерите.
„Врската меѓу две лица мора да биде таков карактер што нема на никого да му биде досадна. Ако е досадна, ако љубовта се зема здраво за готово, тогаш таа нема иднина“, вели Неда.
Пејачката неодамна го прослави својот 70. роденден. Таа вели дека сакала да направи гламурозна прослава, но поради пандемијата со коронавирусот, се собрале само блиските пријатели и семејството.