(Видео) Васка Јанковска ја запеа „Едерлези“ во кафеана, гостите во еден глас ѝ се придружија – „Се наежив“
Видео од Васка Јанковска, која беше вокал на оркестарот на Горан Бреговиќ, се појави на социјалните мрежи и предизвика воодушевување кај љубителите на музиката.
На снимката, направена во кафеана, Јанковска го изведува култниот хит „Едерлези“, насловната тема од филмот „Дом за бесење“ на режисерот Емир Кустурица.
Нејзината изведба очигледно ги понесе и присутните гости, кои во еден глас ѝ се придружија во пеењето, создавајќи посебна атмосфера. Емоциите и заедничкото пеење го направија видеото вистинско уживање за публиката.
Под објавата се нижат исклучиво позитивни коментари, а корисниците на социјалните мрежи не го кријат воодушевувањето од нејзиниот вокал.
„Васка, една и единствена“, „Кралица, браво“, „Се наежив“ се само дел од реакциите на оние кои го погледнале видеото.