Медиасет.мк

#ТРЕНД

Нема да има нови епизоди на „Пријатели“

Принцот Вилијам и принцот Хари еднаш фалсификувале порака од дадилката за да пробаат да добијат пица за вечера.

Поранешниот главен готвач на кралицата Елизабета, Дарен Мекгрејди, се присети како младите принцови му дале белешка, за која тие тврделе дека е од нивната дадилка, а на која било напишано дека можат да вечераат пица.

Тој речиси поверувал во тоа, но ги издал нивниот „малолетнички ракопис “.

Дарен им рекол дека ќе зготви голем број главни јадења за младите принцови, војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс, но очигледно тие не биле задоволни со пита или леплив пудинг од карамела што обично се нуди, па така напишале на лист дека нивната дадилка им дозволува да уживаат во пица таа вечер наместо предвиденото мени.

Додека принцот Вилијам можеби не е голем обожавател на леплив пудинг од карамела, наводно, овој десерт ѝ е омилен на неговата сопруга, војвотката од Кембриџ – која пред да се омажи за Вилијам беше позната како Кејт Мидлтон.

Готвачот Роди Вороу, кој работи во The Old Boot Inn, гостилница во Беркшир каде што Мидлтонови често доаѓаат, откри дека Кетрин го сака „влажниот и сунѓерест“ пудинг.



На почеток
error: