Медиасет.мк

#ТРЕНД

Нина Бадриќ се огласи по понудата да собира компири

Пред неколку дена хрватската пејачка Нина Бадриќ се пожали дека и музичарите гладуваат оти немаат работа и побара од Владата да се позанимава и со нивниот проблем. По ова, таа доби понуда да собира компири за дневница на нивата на некоја жена. Жената ѝ порача на Бадриќ дека и на тој начин се заработува за живот, ама, кога ќе дојде да не го носи фустанот од 1.500 евра со кој неодамна се фалела. По ова хрватската пејачка реши да ѝ одговори јавно.

„Уживањето во нечија неволја е пораз за човештвото“ – напиша Бадриќ како коментар на понудата.

Таа доби поддршка од нејзините колешки, кои велат дека на овој начин жената само сакала да се изрекламира и да најде работници, оти најверојатно никој не сакал да работи за неа.

За потсетување, коментарот на жената стана хит на социјалните мрежи и во медиумите, откако таа освен на Бадриќ, им понуди работа и на Северина, Маја Шупут и уште неколку пејачки кои добро заработуваат на своите настапи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: