Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Нов удар за патниците: „Рајанер“ се повлекува од уште еден аеродром

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t
фото: unsplash

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ во април следната година целосно ќе го напушти аеродромот во Бремен, поради што аеродромот годишно ќе остане без околу 400.000 патници.

Според податоците на германската сојузна покраина Бремен, аеродромот поради повлекувањето ќе губи околу три милиони евра приходи годишно, пренесува „Билд“.

„Рајанер“ јавно не ја навела конкретната причина за повлекувањето, но пополнетоста на нејзините летови од Бремен била над 90 отсто, што покажува дека побарувачката не била проблем.

Авиокомпанијата со седиште во Даблин веќе со месеци ги критикува високите трошоци за работење на германските аеродроми, вклучително и даноците, безбедносните и аеродромските такси.

Преговорите за продолжување на работењето во Бремен пропаднале поради условите под кои „Рајанер“ би го користел аеродромот. Германските власти тврдат дека компанијата барала значително намалување на аеродромските такси.

Според државниот секретар Кај Штуренберг, барањата биле толку големи што аеродромот во Бремен би морал да го субвенционира секој патнички лет на „Рајанер“ со пет евра по патник.

„Рајанер“ веќе ги напушти аеродромите во Дортмунд, Дрезден и Лајпциг, додека во Хамбург значително го намали бројот на летови. Компанијата на крајот на октомври ќе ја затвори и својата база во Берлин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 1 ден

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 1 ден

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 2 дена

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Планирале одмор на Бахамите, а завршија во Канада: Крузерот ја промени дестинацијата поради невреме

Патувања | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања