Медиасет.мк

#ТРЕНД

Нова мини-серија од кралот на хоророт Стивен Кинг

Реномираниот писател на хорор книги Стивен Кинг се враќа со лимитирана серија, научна фантастика, адаптација на неговиот роман „Приказната на Лизи“ со Џулијан Мур и Џеј Абрамс во главните улоги.

Романот „Приказната на Лизи“ се смета дека му е омилен меѓу неговите дела, и, иако тој демантира, најавтобиографски.

Ако има некоја вистина за тој личен елемент, дури сега може да доловиме што се случува во неговата глава: и тоа е почудно и повознемирувачко место отколку што некој може да си замисли, коментираат филмските критичари.

Мајсторот на хоророт, автор на Salem’s Lot („Судбината на Ерусалим“), The Shining („Сјаење“) и Carrie („Кери“), меѓу многу други, реши да направи адапатација на својот омилен роман Lisey’s Story („Приказна на Лизи“) која ќе се емитува на Епл ТВ-плус од 4 јуни.

Невообичаено е и тоа што тој го напиша и сценариото за секоја од осумте епизоди, што остава негов личен печат во она што под површината на психолошки терор, е всушност една љубовна приказна.

Џулијан Мур, која глуми како Лизи, не може да го скрие воодушевувањето од приказната и нејзината визуелна реализација.

Книгите на овој автор досега се продадени во над 350 милиони копии ширум светот, а повеќето негови дела се адаптирани во играни филмови и ТВ-серии. Има напишано 60-тина романи, неколку под псевдонимот Ричард Бахман, како и пет книги што не влегуваат во жанрот фикција.

На почеток
error: