Медиасет.мк

Медиасет

Новак Ѓоковиќ не е фаворит за Олимписките игри

Се ближат Олимписките игри во Париз, а сега станува се појасно кој ќе има помали или поголеми очекувања во различни спортови, како и кои се фаворити за освојување на тенискиот турнир.

Новак Ѓоковиќ моментално не е фаворит за победа, а не е ниту сам на второто место. Според букмејкерите апсолутен фаворит е Карлос Алкараз и во случај тој да го освои турнирот, коефициентот е 2,8.

Новак го дели второто место со Јаник Синер, а квотата за успех на Олимписките игри е само 4.

Меѓу фаворитите се Александар Зверев, Рафаел Надал, Каспер Руд, Стефанос Циципас и Холгер Руне, но веројатноста за нивен успех е многу помала.

Олимписките игри почнуваат на 26 јули, а тоа е единствениот турнир што го нема освоено Новак.

На почеток
error: