Иако и Новак и Јелена Ѓоковиќ го прележаа коронавирус и нивните тестови сега се негативни, сепак славниот тенисер и понатаму е загрижен за својата сопруга, пишуваат српските медиуми. Јелена сѐ уште е истоштена, а имунитетот никако да ѝ зајакне.
– Јелена е многу слаба, всушност, таква беше и пред короната затоа што јаде само овошје и зеленчук и е на специјална исхрана – вели изворот и додава „Не јаде месо и строго внимава што внесува во организмот, но Ноле смета дека сега би требало да внимава уште повеќе затоа што е познато дека и по прележувањето, последиците од короната остануваат во организмот и до една година и имунитетот слабее.“
„Најмногу го исплаши кога ја виде дека се тетерави додека ја носи ќеркичката, воопшто нема сила, па и рече да не си игра со здравјето. Ова се само последици од коронавирусот а нејзиниот имунитет е паднат“, пишуваат медиумите во Србија.