Оскаровецот Јоаким Феникс и актерката Мара Руни неодамна добија син. Бебето ќе се вика Ривер, како починатиот брат на Јоаким, кој умре 1993 година. Ривер Феникс беше еден од најпопуларните млади глумци во 1990те години, а почина од предозираност во клубот „Вајпер рум“ на Џони Деп.
Веста за раѓањето на бебето ја откри режисерот Виктор Косарски, кој на Филмскиот фестивал во Цирих рече дека Јоаким не може да го промовира нивниот нов заеднички филм оти станал татко.
„Тој штотуку доби дете, а неговото име е Ривер“, рече режисерот на онлајн прес конференцијата.
46-годишниот глумец, кој пролетта доби оскар за улогата на Џокер, до сега не ја потврдил веста. Тој и неговата свршеница важат за едни од најтајните парови во Холивуд и скоро никогаш не зборуваат за приватниот живот. Тие се во врска од 2016 година, а се верија летото 2019 година. Не е познато дали во меѓувреме се венчале.