Фотографиите на ќерките на Владимир Путин, кои никогаш досега не биле видени, кружат на интернет, а тие потекнуваат од приватната колекција на некогаш близок пријател на семејството на Путин.
На фотографиите се прикажани Марија и Катарина, двете ќерки од првиот брак на Путин, во своите тинејџерски години. Фотографиите се направени околу 2000 година, во времето кога Путин ја презеде власта, пишува „Дејли мејл“.
Сликите ги објави Сергеј Пукачев, поранешен пријател на Путин. Пукачев ја тужеше Русија во спор вреден 11,6 милиони долари, што тој го загуби на суд во Париз оваа недела, а набргу потоа ги објави фотографиите во јавноста.
Владимир Путин секогаш ги чувал своите ќерки надвор од очите на јавноста и скоро никогаш не зборува за нив во јавноста. На сликите се прикажани двете во Кремљ, но и во куќата на Пукачев и често во друштво на синовите на Пукачев, Виктор и Александар.
Људмила, која се разведе од Путин во 2014 година, исто така се појавува на сликите.
Ќерката на Путин, Марија (35), која го користи презимето Воронцова, е експерт за дварфизам, се верува дека е во брак со холандски бизнисмен со кого има деца.
Катарина (33) от танчарка денес влезе во областа на вештачката интелигенција и има докторат на ова поле на престижниот московски универзитет. Таа беше во брак со најмладиот руски милијардер од кого се разведе.