Ова лето, Охрид ќе блесне како музички центар на Балканот, со спектакуларна концертна програма која обединува регионални ѕвезди, светски имиња и домашни легенди. Од 1 до 9 август, „Билјанини Извори“ и Античкиот театар ќе бидат сцена на некои од најочекуваните настапи за 2025 година.
1 август – Лепа Брена и Саша Ковачевиќ
Балканската дива Лепа Брена и поп идолот Саша Ковачевиќ ќе го отворат августовскиот музички маратон со голем заеднички концерт на стадионот „Билјанини Извори“. Настанот ветува вечер исполнета со емоции, носталгија и безвременски хитови.
2 август – Џејсон Деруло: Првпат во Македонија!
Светската музичка икона Џејсон Деруло пристигнува во Охрид! За првпат во земјава, еден од највлијателните поп и Р’н’Б артисти на нашето време ќе настапи под отворено небо на „Билјанини Извори“. Публиката ќе има ретка можност да биде дел од концерт што ќе влезе во музичката историја на Македонија.
3 август – HUGEL
Францускиот диџеј и продуцент HUGEL, познат по својот уникатен звук и милиони стримови, ќе го загрее охридскиот викенд со незаборавен електронски настап на стадионот.
4 август – Ова не е нормално (Антички театар)
Хуморот низ стенд-ап настапот на Бојан Велевски и Марјан Георгиевски – „Ова не е нормално“ е концепт што поместува граници. Очекувајте вечер каде ништо не е како што изгледа.
6 август – Jeлена Томашевиќ (Антички театар)
Српската дива со моќен глас и емоционални балади доаѓа во Охрид за концерт под ѕвезденото небо.
7 август – Влатко Миладиновски (Антички театар)
Гласот на Влатко Миладиновски, ќе ја донесе својата енергија и душа на сцената на Античкиот, каде ќе ги изведе најголемите хитови од својата кариера.
8 август – Владо Јаневски (Антички театар)
Во организација на Прагма продукција, Владо Јаневски ќе одржи ексклузивен концерт во чест на три децении музичко творештво. Вечер на чувства, поезија и автентична македонска музика.
9 август – Галија (Антички театар)
Една од најголемите рок-икони на екс-Југословенската сцена, Галија, доаѓа во Охрид за концерт кој ќе се памети. Нивниот звук, став и историја ветуваат вечер полна со енергија и рок без компромис.
