Новак Ѓоковиќ не размислува за пензија иако за еден месец ќе наполни 37 години.
Во понеделникот Ѓоковиќ по петти пат во кариерата беше прогласен за најдобар спортист на светот.
Иако многумина очекуваат да се пензионира по Олимписките игри во Париз оваа година, тој има други планови.
„Мојата најважна цел оваа година е златниот медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, не би ни да играм. Секогаш треба да верувате дека се е можно во животот. Кој знае дали повторно ќе имам такво нешто, сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи“, изјави Ѓоковиќ во Мадрид.
Ѓоковиќ реши да го пропушти Мастерсот во Мадрид кој започнува оваа недела.
„Го подготвувам моето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и УС Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам да учествувам на Мастерсот во Рим за две недели. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. уште сум млад, имам многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ.
На церемонијата на Лауреус во Мадрид, Ѓоковиќ се сретна и со својот голем ривал Рафаел Надал.
„Многу го почитувам, тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот најважен ривал на сите времиња. Се надевам дека ќе играм против него барем уште еднаш. Во овој момент не можам да дадам никакви прогнози. но неверојатно е тоа што го направи во кариерата, како спортист, но и со сопругата и фондацијата бидејќи инспирираше многу млади луѓе ширум светот“, истакна Ѓоковиќ.
Тој имаше срдечна средба и со неговиот сегашен најголем ривал Карлос Алкараз.
„Одлично е што ги имаме Алкараз и Синер кои прават големи работи на нивна возраст. Многу брзо напредуваат и им посакувам се најдобро“, заклучи најдобриот светски спортист.