Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ѓоковиќ oрганизираше приватен лет за мало девојче да оди на лекување

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ помага каде што може, а сега реши да даде помош и за мало девојче кое треба да замине во САД за да се лекува од спинална мускулна атрофија.

Многу луѓе донираа пари за малечката Софија Маркуљевиќ, а еден од нив бил и Ѓоковиќ, кој заедно со бизнисменот Миораг Костиќ обезбедил приватен лет за девојчето.

„Собраните средства треба да бидат доволни за тримесечен престој во САД. Се надеваме дека нема да се случи нешто неочекувано. Посебно сме му благодарни на Костиќ, како и Ѓоковиќ, кои обезбедија приватен лет до Америка. Благодарност и до сите останати луѓе кои ни помогнаа“, напишаа меѓу другото од организацијата на социјалните мрежи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: