Алекс де Минор, моментално 10. тенисер на планетата, мораше да го предаде четвртфиналниот меч на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ, па Србинот без борба стигна до полуфиналето. Австралиецот објасни зошто бил принуден на тоа.
Австралискиот тенисер се повреди на меч топката против Артур Фис, а потоа немаше друг избор освен да се предаде. Разговарал со лекарите кои му рекле дека е исклучително висок ризик да биде на теренот.
„Очаен сум, но поради повреда на колкот не можам да играм, почувствував крцкање на последните три бода против Фис. Докторот потврди дека се работи за повреда и дека е голем ризик“, изјави Де Минор.
Не е сигурен кога ќе се врати.
„Опоравувањето може да биде од три до шест недели, во зависност од реакцијата на телото.
Потоа објасни дека пропуштил шанса за кариера.
„Не е тајна дека ова требаше да биде најголемиот меч во неговата кариера. Сакав да играм по секоја цена, но резултатите од прегледот беа такви што ако ризикував, едно лизгање, едно движење може да ја влоши ситуацијата и се да претвори во четиримесечна повреда. Разочарувачки е затоа што не можев да уживам во она што го постигнав оваа недела. Веднаш знаев дека се случило нешто лошо“.
,,Се надевав дека болката ќе мине барем доволно за да можам да играм, но сфатив дека би било непочитување кон Новак ако не излезам на теренот стопроцентно подготвен“.
Тој претходно му кажа на Ѓовиќ за неговата одлука дека се повлекува.
„Знаев дека ќе ми треба чудо ова утро и знаев дека нема да играм. Го видов менаџерот на Новак и му кажав дека нема да играм, но немав шанса да разговарам со Новак“.