16-годишниот Никола Ѓуретановиќ кој се натпреваруваше во пливање на Олимпијадата во Париз, ја освои македонската јавност по малкуте критики кои ги доби оти резултатот не беше според очекуваното. Ѓуретановиќ веќе изјави дека завршил последен поради годините и тремата. Јавноста му даде поддршка да продолжи понатаму со уште подобри настапи, а со оглед дека тој по 28 години го помина рекордот на Маленко во Македонија.
„Ако досега сте ја следеле кариерата на нашиот шамион и олимпиец Никола Ѓуретановиќ сите ќе бевте горди и среќни за неговата истрајност,храброст и желба за презентирање на нашата земја! Никола ги немаше условите за подготовки кои ги имаа германците, американците, швеѓаните и т.н. но Никола и неговиот тренер макотрпно се спремаа и отидоа! Никола уште сега во регионов победува каде и да оди, а замислете на следната Олимпијада со какво искуство ќе се натпреварува! И уште нешто! Никола Ѓуретановиќ има 16 годинини а се натпреваруваше на Олимпијада! Другите 16 годишни секоја вечер кршат колички од Тинекс и Веро и тоа за нив е успех…Понатаму не продолжувам….Се е јасно! Сега честитајте му на ова младо дете за истрајноста и упорноста и посакајте му се поголеми успеси! Никола, ти си гордост наша! Прв во групата беше Илијас Ел Фалаки од Мароко, а по него следеа Џибрил Раеквон Ноел од Гвајана, Алберто Вега од Костарика, како и Мохамед Ридван од Кенија. Ѓуретановиќ (10 години помал од нив) од првиот пливач заостана 3,79 секунди. П.с. А ниеден пливач од Македонија не исполнил норма за настап на Олимписки игри. Сите настапуваат со Вајлд карта за да може секоја држава на планетава да има претставник на Олимпијада!“, стои на социјалните мрежи.
„Браво Никола! Без разочарувања! 👏💪 Како најмлад Олимпиец пред тебе е успешна долга кариера“, му порачаа други.
“Прв во групата беше Илијас Ел Фалаки од Мароко, а по него следеа Џибрил Раеквон Ноел од Гвајана, Алберто Вега од Костарика, како и Мохамед Ридван од Кенија. Ѓуретановиќ (10 години помал од нив) од првиот пливач заостана 3,79 секунди. П.с. А ниеден пливач од Македонија не исполнил норма за настап на Олимписки игри. Сите настапуваат со Вајлд карта“, напиша Ангелина Тасевска.
„Навредуваат едно дете кои со своите 16 години се појави на олимпијада, додека нивните деца и внуци не знаат кај тераат од гнасотилаци и невоспитување. Па добро, кога подобро ќе размислиш, таа несреќна фрустрација мораше да ја истурат на некого и ете им се пружи шанса. Напред дете наше. Животот е пред тебе ❤️🇲🇰 Не сме сите со ист “сотфвер” на мислење и живеење живот во оваа наша Македонија“, напиша водителот Ване Марковски.
„Ама пливачов Ѓуретановиќ дека изјавил “имав трема, следниот пат ќе биде подобро”. Срце. Дечко, претставуваш земја која во спортот инвестира само луѓе кои ги празнат касите наменети за таленти, услови за тренинзи зеро, имаш 16 години и си отишол на Олимпијада, биди горд на себе. И батали ова експертиве што од редовен тренинг имаат само шопска ракија па зборат дека си бил последен. Они први ни дома не биле, не па на Олимпијада. Само напред дечко“, напиша Ина Многуфина.