Патнички авион во Канада го откажа летот бидејќи тригодишно девојчето не носело маска, а била повикана и полиција, пренесува Би-Би-Си.
Садван Чудри, патник кој требало да лета со Вест Џет, вели дека авиокомпанијата инсистирала неговата 19-месечна ќерка да носи заштитна маска.
Но, од авиокомпанијата велат дека проблемот не бил во 19-месечното девојче, кое дури не морало да носи маска, туку во тригодишната ќерка на Чудри.
Би-Би-Си пишува дека летот 652 од Калгари до Торонто бил откажан во вторникот наутро. На патниците им било речено да го напуштат авионот.
,,Никогаш не сум видел вакво нешто, а камоли да ми се случи мене “, изјави Чудри за Би-Би-Си.
Чудри за Би-Би-Си изјави дека неговата постара ќерка, која има три години, јадела пред полетувањето. Во тој момент стјуардесите се приближиле до Чудри и ги замолиле двете ќерки да им стават маски на лицата. Тој вели дека и тој и неговата сопруга носеле маски.
Тој вели дека ги замолил стјуардесите да бидат трпеливи за да може неговата постара ќерка да заврши со јадењето, но му било кажано дека имаат „политика на нулта толеранција“ и дека нема да ја затворат вратата на авионот пред да и ја стават маската. Чудри вели дека се согласил и ветил дека веднаш ќе им стави маски.
„Обично треба малку да ги убедите децата за тоа, што значи дека морав да го извадам iPad-от“, изјави тој за Би-Би-Си, додавајќи дека неговата тригодишна ќерка, по краткото негодување, ставила маска на лицето.
„Но, мојата помлада ќерка се противеше, таа беше практично хистерична“, рече Чудри, додавајќи дека била толку вознемирена што повраќала.
Тој тврди дека вработените во WestJet биле агресивни и му рекле дека целото семејство ќе мора да го напушти авионот затоа што неговата најмала ќерка не носела маска. Тој додава дека му било кажано дека ако не го напуштат авионот, може да бидат уапсени, обвинети и да завршат во затвор.
Чудри вели дека и тој и неговата сопруга не предизвикале инцидент и на крајот се согласиле да го напуштат авионот.
Подоцна дознал дека официјалните патнички правила во Канада налагаат само деца над две години да носат маска, поради што неговата 19-месечна ќерка не морала да носи маска.
Во WestJet го негираат тврдењето на Чаудри дека тригодишното дете ставило маска на лицето.
„Родителите одбија да стават маска на дете над две години, поради што нашиот екипаж ги информира возрасните за прописите што треба да ги почитуваме. Нашиот екипаж побара присуство на власти откако патниците одбија да ги почитуваат канадските мерки за превоз, а потоа одби да го напушти авионот “, се вели во соопштението на Вест Џет.
Видеото снимено од Чудри на неговиот мобилен телефон е објавено на Твитер ја покажува неговата постара ќерка како носи маска откако полицијата влегла во авионот.
Чудри изјавува дека дел од патниците биле лути на неговото семејство, иако „огромното мнозинство“ го поддржувало. Многумина станале и застанале во негова одбрана, додека најмладата ќерка плачела.
Во тој момент, екипажот на авионот повикал полиција, вели Чудри, по што тие го напуштиле авионот. Летот потоа е откажан и преместен за следниот ден.
„Со оглед на ескалацијата на ситуацијата во авионот, нашиот екипаж не се чувствуваше пријатно и летот на крајот беше откажан“, рекоа од ВестЏет.
На снимката се гледа како полицаец му вели на семејството дека „ситуацијата со маската е решена, но екипажот се чувствува несигурен поради однесувањето на другите патници“.
На снимката се гледа и како некои од патниците вербално се судираат со полицијата и екипажот на авионот.
Полициски службеник кој интервенирал во авионот подоцна потврдил дека тригодишната ќерка на Чудри носела маска во моментот кога се качил на авионот.
Полицијата не поднесе никакви обвиненија во врска со случајот.