Кејт Мидлтон пред неколку дена објави дека боледува од рак, но за деталите од болеста не проговори во јавноста.
Многумина се прашуваат од каков вид на рак боледува принцезата, како и во која фаза е нејзината болест, со оглед на тоа што истакнала дека прима „превентивна хемотерапија“.
Портпаролот на палатата Кенсингтон, исто така, се огласи во времето кога беше објавена видео пораката на Кејт Мидлтон, велејќи:
„Нема да споделуваме дополнителни приватни медицински информации. Принцезата има право на медицинска приватност. Принцезата сега е на пат кон закрепнување бидејќи започнала курс на превентивна хемотерапија“.
Принцезата беше пофалена во јавноста што јавно проговори за нејзината дијагноза, а не откри од каков рак боледува, бидејќи сакаше максимално да ја зачува својата приватност и да ги заштити своите деца што е можно повеќе.
„Според неколку врвни онколози со кои разговарав, таа веројатно има или ран карцином на дебелото црево, кој е отстранет и хируршки излечен, или ран рак на јајниците, матката или грлото на матката кој е пронајден случајно“, рече тој.
Со оглед на тоа дека Кејт претходно беше пријавено дека има Кронова болест, можно е да има рак на дебелото црево бидејќи Кроновата во голема мера го зголемува ризикот од развој на рак.