Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Пар од Италија по 60 години во заедница, починаа со разлика од два часа

Италијански пар кој бил заедно 60 години починал од коронавирус, со разлика од само два часа, пренесуваат италијанските медиуми.

Севера Белоти (82) и Луиџи Карара (86) ги поминале последните денови од животот во изолација во нивниот град Албино, во северната провинција на Италија, Бергамо.

Нивниот син, Лука Карара, тврди дека тие биле во нивниот дом осум дена, без медицинска помош, со температура од 39 степени.

Тој за локалниот весник изјавил дека неговиот татко пред да се пензионира работел како градежник, а бил однесен во болница во саботата заедно со неговата мајка, која била домаќинка.

Едниот од сопружниците починал во 9 часот и 15 минути, а другиот во 11 часот.

Нивниот син не бил во можност да ги види пред да починат.

„Вашите сакани во вакви ситуации се оставени сами и не можеш да збогуваш со нив, да им пружиш утеха, па дури ни да ги излажеш дека се ќе биде во ред“, изјавил тој.

Во моментов тој, заедно со неговата сопруга и двете деца се наоѓаат во карантин.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: