#ТРЕНД
Патики на Канје Вест продадени за рекордни 1,8 милион долари
Историската победа на режисерката Клои Жао на годинешните „Оскари“ беше омаловажувана и цензурирана во Кина неколку месеци по критиките дека ја навредува земјата во која е родена.
Претходно, во интервју за списанието „Филм-мејкер“, Жао ги опиша своите тинејџерски години во Кина како место каде што има лаги насекаде. „Многу информации што ги добив кога бев помлада не беа точни и станав многу бунтовна кон моето семејство и моето потекло“.
Во понеделникот во Кина имаше заглушувачки молк за победата на Жао, која се најде во светските наслови бидејќи е прва Азијка со „Оскар“ за најдобра режија.
Клои, родена во Пекинг, а моментно живее во САД, е првата Азијка што триумфира во категоријата најдобра режија за „Земја на номади“. Филмот беше прогласен за најдобар, уште еден голем трофеј за неа.
Ниту еден медиум во Кина не го пренесуваше настанот во живо и не беше споменат „Оскарот“ за 39-годишната Клои во „Пиплс дејли“ или во новинската агенција „Ксинхуа“, официјалните кинески гласила.
На социјалните мрежи имаше мала дискусија на оваа тема. На Douban, популарeн кинески форум на кој се оценуваат филмови, нема тема посветена на 93. „Оскари“. Индивидуални блогери на Weibo и WeChat, двете најчесто користени платформи за социјални медиуми во Кина, ги видоа своите објави во голема мера цензурирани.
Гуда Бахуа, популарна инфлуенсерка на „Веибо“, со 13 милиони фанови, која главно преведува вести за американски шоуа, коментари и настани во живо, сподели видео од говорот за прифаќање на Жао со нејасен наслов „Говор на доделувањето ‘Оскар’“ за да избегне цензура. Но, два часа подоцна, нејзиниот видеозапис беше отстранет. Подоцна таа покажа снимка од порака од „Веибо“, во која е наведено дека видеото „не ги помина рецензиите на „Веибо“.