Медиасет.мк

#ТРЕНД

Пејачката Анабела се повлекува од музиката и јавниот живот

На Анабела Атијас и е исплатен долгот за алиментација на ќерката Нина кој и го должеше нејзиниот поранешен сопруг Гаги Џогани, а сега пејачката донесе одлука која ги шокира многумина.

Имено, Анабела донела одлука да се повлече од медиумите наведувајќи дека повеќе не ја интеренсира јавниот живот и да сврти нов лист.

– Нема да давам изјави на било која тема. Не сум заинтеренсирана повеќе за медиумски живот. Се повлекувам. Не ми треба, немам никаква корист од тоа, не ме привлекува. Моментално не размислувам за објавување на нови песни, можеби поради короната, можеби сум уморна, но така се чувствувам. Ми годи да се насочам на други работи. Ќе видам, можеби ќе се предомислам, но засега се повлекувам“, изјави Анабела.

Потсетуваме, Атијас помина низ лош период за време на нејзиното учество во „Задруга 3“, каде пред камерите откри многу тајни од нејзиниот приватен живот, а и моментално не е во контакт со нејзината ќерка Луна.

На почеток
error: