Медиасет.мк

#ТРЕНД

Пејачката Тања Савиќ почна борба за старателство: Сопругот ми ги киднапира децата

Пејачката Тања Савиќ (35) одлучила по четири месеци, да проговори за драмата што ја проживува поради одлуката на сопругот Душан Јованчевиќ да ги однесе синовите во Австралија без нејзино знаење, пишуваат српски медиуми.

Пејачката тврди дека нејзиниот сопруг Душан на некој начин ги киднапирал синовите Максим и Ѓорѓе, а како што пишуваат некои медиуми, тоа би можело да го чини и затворска казна.

Тања уште од мај се обидува да го реши спорот со својот сопруг на мирен начин за да не ги сноси последиците, но сега таа одлучи да се бори за децата по секоја цена и да ги алармира државните органи да ѝ помогнат.

„Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе се реши проблемот, но кога ѝ забрани дури и да се слушаат на телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат испрати пријава и во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за прaвда се запознаени со нејзиниот случај и ќе направат сѐ за да ѝ ги вратат децата“, рекол извор близок на Тања.

И додава дека законите во Австралија се многу остри и дека жените како мајки се многу заштитени, па сигурно Тања би ги добила децата многу бргу, но проблем претставува тоа што децата се државјани на Австралија, а Тања сака да ги донесе со неа да живеат во Србија.

Пејачката потврдила дека ја почнала борба за старателство над децата.

„Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морам да барам помош. Луѓето ми велат – што не одиш по своите деца, не можам тукутака да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум нивен државјанин. Тоа би значело дека децата сум ги киднапирала. Барав помош од нашата држава, но и од австралиските власти и сега чекам помош“, рекла Тања.

Таа е свесна дека на сопругот му се заканува голема затворска и финансиска казна.

„Мојот сопруг ми го направи најлошото нешто што може да ѝ се направи на една мајка – ми ги зеде децата. Тоа не смееше да го направи бидејќи не е човечки, а и со закон е забрането. Јас сакав сѐ да направам за него, го штитев, но ги помина сите граници“, рекла пејачката.

На почеток
error: