Медиасет.мк

#ТРЕНД

Пинк за проблемите во бракот: Јас и Кери бевме скршени луѓе, терапијата нè спаси

Пинк го сподели своето искуство од терапијата на која оди заедно со сопругот Кери Харт велејќи дека тоа е за скршени луѓе што сакаат да се состават.

Пејачката на хитот Just Give Me A Reason е во брак со поранешниот мотокрос-тркач Харт веќе 14 години, но за тоа време двојката имаше неколку бурни периоди, вклучително и разделбата во 2008 година. Сепак, тие сега се посилни од кога било, а Пинк се осврна на подемите и падовите во својот брак во објава на „Инстаграм“. Пејачката, чие вистинско име е Алиша Мур (41), сподели фотографија на која блеска додека држи чаша вино и го гушка Харт.

Таа напиша: „Мојот пријател @ jbpitts2 нè сликаше. Тој е сè уште моето омилено слатко непослушно момче. Тој и јас сме веќе долго време во тоа и нашата неумоливост и тврдоглавиот идеализам нè одржуваат заедно“.

„Бракот е ужасен, прекрасен, удобен и предизвикува лутина. Може да биде досаден, застрашувачки и да ве натера да си ги грицкате ноктите. Во брак сакате друго грешно суштество додека се обидувате да се сакате себеси.

„Тоа е време кога се враќате на масата. Луѓето ни се смеат затоа што или се караме или се смееме. Тие вртат со очите кога зборуваме за терапија“.

„Но, ќе ви кажам. Вреди. Сето тоа. Дури и кога не е. Терапијата не е за слаби луѓе, хипици или либерали. Тоа е за скршени луѓе што сакаат да се состават. Тоа е за бегалци што сакаат семејство. Тоа е лекција за тоа како да седите и да слушате. Како да се сакате себеси за да може и другите да ве сакаат. Те сакам, душо. Благодарна сум што дојдовме до оваа фотографија @hartluck“.

На почеток
error: