Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Почина академик Богомил Ѓузел, поет, писател, преведувач

Медиасет.мк
пред 5 години
bogomil

Македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач, академик Богомил Ѓузел, почина на 82 години по кусо боледување.

Ѓузел е поет, раскажувач, драмски писател, есеист – припадник на третата повоена генерација македонски писатели, што се појавува во втората половина на 1950-те години на минатиот век и која со своето дејствување изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската книжевност.

Ѓузел важи за најзначаен македонски преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. На македонски јазик во негов превод се достапни најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир.

Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија. Негова сопруга беше писателката Лилјана Дирјан која почина во 2017 година. По бугарската окупација во 1941 година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел израснал и се школувал.

Во 1963 завршил англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”. Во 1964/65 година бил на постстудиски престој на Универзитетот во Единбург, како стипендист на Британскиот совет.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е избран на 4 јуни 2012 година. Неговиот творечки опус опфаќа повеќе од 230 библиографски единици.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 1 ден

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 2 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 2 дена

media-libraryr2uua0hdtkivdtcb86O

Кристина Агилера откри детали од приватниот живот: „Сè уште имам многу желби што сакам да ги исполнам“

Сцена | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања