Медиасет.мк

#ТРЕНД

Поранешниот сопруг на Џеј Ло: Таа ги прислушкуваше вработените, мислам дека тоа го прави и денес

Марк Ентони, поранешниот сопруг Џенифер Лопез,  со која помина десет години во брак, откри нејзина необична навика, изјавувајќи дека сака дa ги прислушкува  домашните помошнички.

– Тоа е многу забавно за неа. Имавме камери за надзор во куќата, а таа понекогаш седеше пред екранот и слушаше за што зборуваат додека беа во кујната. Некогаш обожаваше да се прикрадува, па ги слушаше зад ѕидот. Не знам зошто тоа ја забавуваше, но мислам дека тоа го прави и денес, изјави тој за американските медиуми.

Марк и Џенифер ја започнале својата врска во 2003 година, а ја крунисаа со брак во 2004 година. Венчавката беше „во кругот на најблиските пријатели“ и имаше само четириесет гости. Тие се разведоа десет години подоцна и заедно имаат близнаци

На почеток
error: