Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Потребни сме: Теодора (10), четири години се бори за својот живот, треба да и се трансплантира срце во странство

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-03-31-at-13.10.12

Теодора Колева е 14-годишно девојче кое 4 години ја чека надежта и среќата наречена СРЦЕ. Девојче кое 4 години се бори за својот живот и која итно и е потребна трансплантација на срце во странство, за да може да ја добие шансата за живот што ја заслужува.

Tеодора е во состојба на срцева слабост и има потреба од интензивна кардиосупортивна терапија. Веќе е хоспитализирана неколку пати, но за да се спаси, мора да се направи трансплантација во педијатриски кардиохируршки центар во странство.

Додека не се најде соодветен донор, Теодора мора да прима терапија на приватно, која ја одржува во живот, а месечно истата чини околу 2.500 евра. Семејството е финансиски исцрпено и не е во можност повеќе да ги покрие овие трошоци поради што се обраќа до сите нас хумани граѓани за помош.

Вашата финансиска поддршка, без оглед на износот, може да ѝ даде нова надеж на Теодора и нејзиното семејство.

Додека се чека да се најде соодветен донор и срце за Теодора сите заедно, можеме да ѝ помогнеме да ја продолжи својата борба за живот и да се обезбедат потребните парични средства за потребната терапија и трошоци кои ги има ова семејство.

ДОНИРАЈТЕ ТУКА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 4 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 6 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања